• петок, 05 декември 2025

Ал-Наср може да го договори Феликс од Бенфика

Ал-Наср може да го договори Феликс од Бенфика

Ријад, 27 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Жоао Феликс, може да ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија.

Новинарот Николо Шира објави дека Ал-Наср е заинтересиран за 25-годишниот Португалец, обидувајќи се да го преземе од Бенфика. 

Саудискиот клуб е подготвен да плати 45 милиони евра за напаѓачот.

Феликс ја помина втората половина од сезоната 2024/25 на позајмица во Милан. На 21 натпревар постигна три гола и имаше една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан