• петок, 05 декември 2025

Алкараз прв финалист во Рим

Алкараз прв финалист во Рим

 

Рим, 16 мај 2025 (МИА) – Шпанецот Карлос Алкараз е првиот финалист на турнирот АТП Мастерс 1000 на земјена подлога во Рим, откако попладнево во полуфиналето го победи домашниот тенисер Лоренцо Мусети.

По два часа игра, Алкараз победи со 6-3, 7-6(4), совладувајќи го Мусети петти пат во кариерата, во нивниот шести натпревар.

Во финалето, в недела, Алкараз ќе игра против победникот од вториот полуфинален натпревар, меѓу првиот носител Италијанецот Јаник Синер и Американецот Томи Пол.

В сабота, во женското финале во Рим ќе играат Италијанката Јасмин Паолини и Американката Коко Гоф. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан