Алкараз полн со самодоверба додека се подготвува за Вимблдон
- Двократниот шампион на Вимблдон и бранител на титулата, Карлос Алкараз, е полн со самодоверба додека се подготвува за турнирот и се стреми кон трета победа по ред во сингл
Лондон, 29 јуни 2025 (МИА) - Двократниот шампион на Вимблдон и бранител на титулата, Карлос Алкараз, е полн со самодоверба додека се подготвува за турнирот и се стреми кон трета победа по ред во сингл.
Шпанецот е во одлична форма откако го победи Јаник Синер во маратонско финале за да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Франција, а потоа победи во „Квинс Клуб“ во Лондон по втор пат.
Иако трета победа по ред би го ставила меѓу елитна група од повеќекратни последователни шампиони, засега неговиот фокус останува на самиот триумф.
-Доаѓам тука мислејќи дека навистина сакам да ја освојам титулата, навистина сакам да го кренам трофејот. Не мислам колку играчи го направиле тоа, освојувајќи три титули на Вимблдон по ред. Мислам дека сум подготвен на најдобар можен начин. Сакам да го започнам турнирот со многу самодоверба. Очигледно се чувствувам самоуверен во моментов. Турнирот сè уште не започнал, две недели би можеле да бидат навистина долги, но во моментов не размислувам кому би можел да се придружам ако освојам три титули по ред, изјави Алкараз. дс
Фото: Архива