Алкараз за поразот од Монфис во Синсинати: Тоа беше најлошиот мој натпревар
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поразот од Французинот Гаел Монфис (6:4, 6:7 (5:7) и 4:6) во второто коло на Мастерсот во Синсинати го нарече најлош меч во неговата кариера.
Мадрид, 17 август 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поразот од Французинот Гаел Монфис (6:4, 6:7 (5:7) и 4:6) во второто коло на Мастерсот во Синсинати го оквалификува како најлош меч во неговата кариера.
- Тешко е да се најде нешто добро на овој натпревар. Затоа сакам да заборавам на тоа и да се обидам да се фокусирам на Њујорк. Ќе одам во Њујорк и ќе се обидам добро да тренирам за да се навикнам на овие терени. Мислам дека мечот со Монфис е најлошиот во мојата кариера. Не можев да играм. Претходните денови се чувствував одлично, прецизно ја удирав топката, добро се движев. Не знам што се случи. Ништо не ми одеше, така што овој натпревар беше невозможно да се победи, изјави Алкараз за веб-страницата на АТП.
Во третото коло на Мастерсот во Синсинати, 37-годишниот Монфис загуби од Данецот Холгер Руне (6:3, 3:6 и 4:6). зс/
Фото: ЕПА