• четврток, 19 декември 2024

Алкантара: ЛШ е кулминација на сезоната, сите најдобри во Европа сакаат да го освојат овој трофеј

Алкантара: ЛШ е кулминација на сезоната, сите најдобри во Европа сакаат да го освојат овој трофеј
Ливерпул, 23 март 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Ливерпул, Тијаго Алкантара, зборуваше за влијанието на освојувањето на Лигата на шампионите врз кариерата на еден играч, како и за жрепката во четвртфиналето за овој турнир. - Секогаш е многу тешко да се победи во ова натпреварување. Кога ја земате оваа титула, не е важно со кој тим го правите тоа. Лигата на шампионите е врв на сезоната. Ми беше чест да ја освојам Лигата на шампионите двапати. Да се ​​достигне таков момент не е лесно. Сите најдобри играчи во Европа сакаат да го понесат овој трофеј. Ќе се бориме со најдобрите тимови во Европа за трофеј, истакна Алкантара. За следниот противник на Ливерпул во ЛШ тој смета дека Реал Мадрид го респектираат низ целиот свет. - Добивме ривал којшто целиот свет го почитува. Ова е четвртфинале во Лигата на шампионите, а ние сакаме да играме до крај. Ова е прекрасна двојка, ќе играме со фантастичен тим. Кон Реал Мадрид се однесуваме со респект, рече Тиаго. зс/

Остани поврзан