• понеделник, 23 декември 2024

Алити: Вклучувањето на невладиниот и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација

Алити: Вклучувањето на невладиниот и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека вклучувањето на невладините организации и приватниот сектор е услов за успех на дигиталната трансформација. Како што вели Алити во интервју за „WeBER Talks“, невладините организации се во подобра позиција да комуницираат со граѓаните и да креираат податоци кои би се трансформирале во јавни политики. Но, нагласува министерот, неопходно е вклучување и на приватниот сектор. Кога станува збор за дигитализацијата, мора да комуницираме и со приватниот сектор, не само со невладините организации, а кога тоа ќе создаде одговор од различни страни вклучени во момент кога нешто спроведувате, тоа е обично услов за успех, рече Алити во интервјуто. фф/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан