• недела, 22 декември 2024

Алиев со убедлива победа на претседателските избори во Азербејџан

Алиев со убедлива победа на претседателските избори во Азербејџан

Баку, 7 февруари 2024 (МИА) - Актуелниот претседател на Азербејџан, Илхам Алиев, убедливо победи на денешните предвремени претседателски избори со 93,9 отсто од гласовите на избирачите, покажуваат резултатите од излезна анкета спроведена од американски набљудувачи од советодавната група Оракл.

Избирачките места се затворени во 19:00 часот по локално време (16:00 часот по македонско време). Според последните податоци на Централната изборна комисија на Азербејџан, својот глас го дале 70,85 отсто од граѓаните запишани во избирачките списоци. На претходните избори во 2018 година овој процент беше 74,5.

Изборите првично беа планирани за следната година, а официјалната причина на Алиев за нивно повлекување беше тоа што територијалниот интегритет на Азербејџан сега е обновен откако беше воспоставена целосна контрола врз Карабах, објави ДПА. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан