• среда, 20 ноември 2024

Алиев: Азербејџан ќе заземе цврста позиција околу изјавата за Карабах

Алиев: Азербејџан ќе заземе цврста позиција околу изјавата за Карабах

Баку, 1 декември 2020 (МИА) - Азербејџан ќе заземе цврста позиција доколку има обиди за мешање во договорите содржани во трилатералната изјава за Нагорно Карабах, рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во денешното обраќање до нацијата.

„Доколку некој сака да интервенира во изјавата потпишана на 10 ноември, ќе го види нашиот цврст став“, вели Алиев во пораката објавена од државната новинска агенција АЗЕРТАК.

Алиев рече дека веќе имало такви обиди, чија цел била да се наруши постигнатиот договор.

Тој верува дека се појави нова реалност во регионот.

- Доколку прашањата споменати во изјавата бидат успешно одговорени, ќе се формира нова рамка на соработка во нашиот регион, истакна Алиев. паг/

Остани поврзан