• петок, 22 ноември 2024

Алвеш планирал да побегне во Бразил доколку биде ослободен со кауција

Алвеш планирал да побегне во Бразил доколку биде ослободен со кауција

Барселона, 17 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот бразилски репрезентативец, Даниел Алвеш планирал да побегне од Шпанија доколку биде ослободен со кауција. Ова го тврди негов цимер од ќелијата, со кој бил во затвор во последните 13 месеци. Според него, Алвеш му ја открил намерата веднаш да најде начин да стигне до родниот Бразил, кој нема договор за екстрадиција со Шпанија.

- Штом ќе биде ослободен, ќе побегне во Бразил. Секако дека ќе го стори тоа“, изјави човекот кој тврдел дека бил во иста ќелија со Алвеш во програмата „Фиеста“ на шпанскиот канал „Телесинко“..

На поранешниот играч на Барселона му се суди за наводно силување на 23-годишна жена во ноќен клуб во Барселона ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година. Алвеш беше уапсен и ги помина следните 13 месеци во затвор, а во неколку наврати неговите молби да биде ослободен беа одбиени. Неколку пати ја менуваше верзијата на случувањата, а во текот на самиот случај неговите адвокати повторно ја поддржаа тезата дека имало сексуален контакт, но тоа било консензуално.

Самиот Алвеш застана на говорницата за сведоци, од каде изјави: „Јас не сум таков човек, не сум насилен човек“.

Обвинителството побара максимална казна од 12 години. Се очекува во рок од еден месец да биде објавена пресудата за случајот, а потоа да биде обжалена од двете страни.

Вкупно три пати адвокатите на Алвеш бараа тој да биде ослободен со кауција, но судијата одби.дс

Фото: Архива

Остани поврзан