Албин Курти и Чедомир Јовановиќ разговараа во Приштина за „потребата од владеење на правото“ во регионот
- На враќање во Србија по престојот во Приштина, Јовановиќ синоќа од граничниот премин Мердаре се огласи на палтформата „Х“, поранешен Твитер, со видео-клип во кој на почетокот информира дека со Курти се познава веќе 30 години. - Сешто поминавме во животот и тој и јас. По овие разговори, јас верувам дека крвта која е пролеана во Бањска (во северно Косово, на 24 септември) е последна крв која се пролева во судирот на српскиот и албанскиот народ на Косово... и дека тоа е последната цена која ја плаќаме за тоа историско недоразбирање меѓу нашите два народи, вели Јовановиќ, порачувајќи дека „за Косово (во Србија) не смее да се молчи, мора да се каже вистината и мора да се тргне по друг пат“.
Приштина, 4 декември 2023 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти го примил синоќа лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, со кого разговарал за последните случувања во Косово и Србија и за односите меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Курти.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението се наведува дека косовскиот премиер и српскиот опозициски политичар зборувале и „за потребата од јакнење на владеењето на правото на Западен Балкан, важноста од демократизацијата на општествата и институциите, политичкиот плурализам, почитувањето на човековите и правата на националните малцинства како гарант на мирот и безбедноста во целиот регион“.
На враќање во Србија по престојот во Приштина, Јовановиќ синоќа од граничниот премин Мердаре се огласи на палтформата „Х“, поранешен Твитер, со видео-клип во кој на почетокот информира дека со Курти се познава веќе 30 години.
- Сешто поминавме во животот и тој и јас. По овие разговори, јас верувам дека крвта која е пролеана во Бањска (во северно Косово, на 24 септември) е последна крв која се пролева во судирот на српскиот и албанскиот народ на Косово... и дека тоа е последната цена која ја плаќаме за тоа историско недоразбирање меѓу нашите два народи, вели Јовановиќ, порачувајќи дека „за Косово (во Србија) не смее да се молчи, мора да се каже вистината и мора да се тргне по друг пат“.
Видеото српскиот политичар го проследи и со коментар во вид на цитат од „неофицијалниот дел“ на средбата со косовскиот премиер.
- Курти: „Дали е Белград интересен и убав како тогаш кога бевме студенти?“ Јас: „И поинтересен и поубав, многу... како и Приштина!“, пренесе Јовановиќ дел од разговорот со Курти.иа/сд/