• петок, 22 ноември 2024

Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра

Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра

Тирана, 24 февруари 2023 (МИА) - Албанскиот државен институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека во 2021 година забележан е рекорд во трошоците на граѓаните за нивното здравје, во голема мера под влијание на ефектите од пандемијата на Ковид-19.

Податоците за показателот „здравје“ откриваат дека приходот во оваа категорија во 2021 година достигнал речиси 41 милијарда леки или 350 милиони евра, што претставува историски рекорд. Споредено со просекот од 2018-2019 година, кога земјата беше во период на нормално здравје, приходите се речиси двојно зголемени, пренесуваат албанските медиуми.

И профитот на бизнисите кои работат во здравствената дејност значително се зголемил и достигнал 10 милијарди леки или 85 милиони евра во 2021 година, од 31 милион евра колку што изнесувале во 2019 година, што е зголемување за 11 пати.

Овој значаен пораст на приходите се случил и покрај тоа што бројот на вработени во овој сектор останал речиси непроменет на околу 12.000 лица, а вкупните инвестиции благо се зголемиле за 6,7 отсто. Бројот на претпријатијата во овој сектор е 3.438, речиси непроменет во однос на претходната година. вт/паг/

Остани поврзан