Албанските демократи ќе поддржат независни кандидати за градоначалници на предвремените избори во шест општини
- -Беше навистина посебен состанок, со долга и одговорна дискусија. Она што преовладуваше беше дека ДП, иако несомнено има кандидати од калибар, без никаква споредба со криминалната организација на власт, ги оценува и цени независните кандидатури, рече Бериша, објави euronews.al.
Тирана, 4 октомври 2025 (МИА) - Албанската опозициска Демократска партија ќе ги поддржи независните кандидати за градоначалници на предвремените избори во шест општини во земјата, меѓу нив и Тирана.
Лидерот Сали Бериша изјави дека одлуката е донесена на денешната седница на партиското раководството, додавајќи дека ДП, високо ги цени независните кандидатури, за кои, како што рече, историјата покажала дека се поуспешни.
-Беше навистина посебен состанок, со долга и одговорна дискусија. Она што преовладуваше беше дека ДП, иако несомнено има кандидати од калибар, без никаква споредба со криминалната организација на власт, ги оценува и цени независните кандидатури, рече Бериша, објави euronews.al.
Тој рече дека со најголема сериозност ќе ги разгледа независните кандидати кои сметаат дека поддршката од ДП е неопходна за нивната победа.
-Верувам дека со ова ќе се согласат и другите опозициски сили. И ова не само во општина Тирана, туку и во другите општини. Ова е момент, би рекол, за сите оние граѓани, интелектуалци, оние специјалисти, експерти кои се чувствуваат подготвени да се соочат со нарко-државата, да ги измерат своите сили во натпревар во најдобар интерес за граѓаните за да донесат правилна одлука, нагласил тој.
Одлуката, посочи,е исклучително важна, таа ѝ дава на албанската опозиција друга димензија.
Предвремените избори за градоначалници ќе бидат спроведени на 9 ноември во Тирана, Валона, Берат, Мат, Тепелена и Церик.
Во Тирана градоначалникот Ерион Велиај, кој е во затворски притвор од 10 февруари, осомничен за корупција и перење пари, беше разрешен од владата по усвоениот предлог од страна на Советот на Општина Тирана, додека во другите пет општини градоначалниците поднесоа оставки. вт/сд/
Фото: принтскрин Бериша ФБ