• недела, 22 декември 2024

Албанските граѓани со најниски плати, а работат подолго од оние во Европа и регионот

Албанските граѓани со најниски плати, а работат подолго од оние во Европа и регионот

Тирана, 2 октомври 2023 (МИА) - Според последниот извештај на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, албанските граѓани имаат најниски плати, но работат повеќе часови отколку оние во Европа и регионот.

Според ИНСТАТ еден вработен во Албанија во 2022 година работел просечно 43,7 часа неделно, од 43,3 часа претходната година.

Други податоци на Евростат, што го мери работното време за европските земји и некои земји во регионот, открива дека вработените Албанци имаат најдолго работно време во Европа, заедно со другите земји во регионот.

Спротивно на тоа, Холандија имала најкратка работна недела (33,2 часа), потоа Германија (35,3) и Данска (35,4). Други податоци покажуваат дека иако имаат најдолго работно време, вработените Албанци имаат најниски плати во Европа. Албанија имала најниска просечна плата во регионот во 2022 година, околу 520 евра. Додека во другите европски земји просечната плата е над илјада евра месечно, јави Топ чанел, повикувајќи се Евростат.

-Прво, работникот мора да работи онолку колку што предвидува договорот. Второ, ако работодавецот ве праша за прекувремена работа, ќе ги видите одредбите во вашиот договор за тоа како да ви ги плати часовите за прекувремена работа и дали сте заинтересирани или не прекувремено да работите. Се разбира, неплатената работа има само едно име што значи експлоатација. И не верувам дека има некој капиталист, сопственик на бизнис или претприемач кој излегол да прави добротворни цели, вели експертот за економија, Зеф Пречи.

Оценува дека земјата има правни акти кои ги регулираат работните односи, но нивното спроведување останува само да се посакува.

-Трудовиот инспекторат е една од институциите формирани специјално за регулирање на односите работодававец-вработен. Но, начинот на кој функционира, намалениот персонал и можеби други влијанија, прават помошта што ја дава да не функционира, нагласува тој.

Албанија има комитет формиран во 2000 година наречен трипартитен комитет, работодававец-вработен-влада.

-Општопознат факт е дека најчесто доминираа олигарси и бизнис организации кои работат за нивни тесни интереси. Албанија нема синдикати, едноставно има некакви преносни синџири наследени од комунизмот и злоупотребени во демократијата, во време кога синдикатите имаат суштинска улога во Западна Европа и развиените демократски земји, оценува Пречи. вт/сд/

Фото: од сајтот на ИНСТАТ 

Остани поврзан