• недела, 22 декември 2024

Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување 

Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување 

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) -  Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на  АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити,  на Алтернатива  Африм Гаши и на Движењето Беса  Билал Касами,  истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.

-Денес со потпишувањето на оваа декларација , на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели  на нова ера кај албанските партии во Република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика - млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари - Придружете се кон промената која доаѓа, рече Меџити. 

Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух  и волјата за промена на албанскиот народ. - Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете де од овој процес е вреден, рече Касами.свс/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан