• недела, 22 декември 2024

Албанската опозиција одржа мирен протестен марш во Скадар како реакција против „криминалот во градот“

Албанската опозиција одржа мирен протестен марш во Скадар како реакција против „криминалот во градот“

Тирана, 2 ноември 2024 (МИА) - Во организација на албанската опозиција во северниот град Скадар денеска беше одржан мирен протестен марш против "криминалот во градот кој добива широки размери".

Последен во низата тешки инциденти беше вооружениот инцидент што се случи на 30 минатиот месец, кога беа убиени три лица.

- Скадар денеска е колевка на организираниот криминал, а единствената причина е Еди Рама и неговата преродба“, изјави Фљамур Нока пред насобраните граѓани кои пристигнаа од сите делови на земјата.

Тој ја обвини полицијата дека е поврзана со криминалот и ги повика граѓаните да застанат против „режимот“.

- Затоа сме тука да ги сензибилизираме граѓаните на Скадар и цела Албанија против ова злосторство. Албанија, која ги отвори поглавјата од преговорите и е членка на НАТО, не може да биде земја на организираниот криминал и колевка на мафијата. Албанија мора да биде друга Албанија, нормална Албанија. Затоа сме тука, да кажеме стоп. Планот е марш, протестен марш против политичкиот криминал, против криминалот со државен лик, порача Нока.

Според него, „нарко-полицијата" не го спроведува законот, туку е во служба на „нарко-државата".

- Полицијата е едно со криминалот, бидејќи целиот режим е под канџите на криминалот. Пораката е граѓаните да застанат против нарко-режимот, против овој режим кој се обидува да го уништи Скадар и цела Албанија. Албанците не можат да го прифатат ова, рече тој.

На 30. минатиот месец од возило во движење беше пукано со автомат во друго возило при што беа убиени три лица. Две лица биле во возилото во кое било пукано, а кое удрило во моторцикл и се забило во бетонски ѕид. На мотоциклот, кој се нашол биле сопружници од кои едниот починал на местото на инцидентот. вт/паг/ 


 


 

 

Остани поврзан