• петок, 22 ноември 2024

Албанската Влада издвои 10 милиони долари за набавката на кинеските вакцини 

Албанската Влада издвои 10 милиони долари за набавката на кинеските вакцини 
Тирана, 28 март 2021 (МИА) - Албанската Влада на Министерството за здравство му одобри 10 милиони долари за набавка на кинески вакцини Синовак, преку турската компанија „Кејем илач Синаји ве тикарет“. Преку турскиот дистрибутер, за време на престојот во Истанбул, премиерот Еди Рама обезбеди милион дози, од кои првата пратка од 192.000 веќе пристигна и денеска почна масовната вакцинацијата на повозрасната популација од 70 години. Како што Рама претходно најави, во рок од два месеца а може побрзо, во земјата ќе пристигнат уште 500.000 вакцини. При обиколката на вакциналните пунктови низ Тирана, Рама истакна дека дневно ќе бидат имунизирани по 10.000 лица и оти до денеска вакцинирани се 65.000 луѓе. Масовна вакцинација покрај во Тирана денеска почна и во Корча, Елбасан, Драч и во други градови. Според денешните податоци објавени од Министертвото за здравство во последното деноноќие регистрирани се 493 нови случаи, но направени е помал број тестови (2.993), што е 16,4 отсто од тестираните, закрепнале 557 лица, додека починаа шест лица. Во земјата висок е бројот на активни на болеста се 32.468, најмногу од нив во Тирана - 22.205 лица. вт/ми/

Остани поврзан