• сабота, 23 ноември 2024

Албанија ќе отвора привремени прифатни кампови за мигранти кои ќе побараат азил

Албанија ќе отвора привремени прифатни кампови за мигранти кои ќе побараат азил
Тирана, 1 јули 2020 (МИА) – Албанската заменик министерка за внатрешни работи Ровена Вода најави зајакнување на капацитетите на границата, со поставување привремени прифатни кампови за мигрантите кои ќе побараат азил. Според неа ова се предвидува со новиот Предлог- закон за азил, со кој исто така се скусува периодот на добивање одговор на барањето за азил, кого сега барателите ќе го добиваат во рок од десет дена. -Со новиот закон се очекува да се подобри состојбата со барателите на азил во некои области, зајакнување на капацитетот на границата, со поставување неколку кампови и олеснување на процедурите за верификација на мигрантите, изјави Вода за Ора њуз. Додава дека ќе се зголеми идентификацијата на бројот на нелегални емигранти во земјата, ќе се избегне нивното движење на албанска територија, како и попрецизна спецификација на лицата кои бараат политички азил. -Оваа процедура ќе помогне во побрзото селектирање на овие лица, категоризирајќи ги уште од самиот почеток. Законот предвидува остри санкции за мигрантите кои ги прекршуваат правилата за престој и ним ќе им биде отфрлено барањето за азил. Исто така ќе се воведе ограничување во движењето надвор од Центарот за азил во Барбу а ќе има построг мониторинг врз мигрантите во прифатните кампови и центри, дообјасни Вода. Како што наведува телевизијата, новиот закон се очекува да ја подобри актуелната ситуација со имигрантите, кои „често прават проблеми со вмешаност во разни кривични дела“. Според полициската статистика минатата година во Албанија азил побарале над пет илјади странци, главно сириски државјани. вт/

Остани поврзан