• четврток, 21 ноември 2024

Албанија: ЦИК парично ќе ги казни партиите и поединци околу трошоците на изборите 2023

Албанија: ЦИК парично ќе ги казни партиите и поединци околу трошоците на изборите 2023

Тирана, 16 септември 2024 (МИА) – Албанската Централна изборна комисија, ЦИК парично ќе казни партии и поединци околу трошоците на изборите 2023, при што највисоки казни ќе добијат вечните опоненти, Социјалистичката и Демократската партија.

-Политичките партии и нивните кандидати продолжуваат да не го почитуваат Изборниот законик, кога се во прашање трошоците во изборите. Дури и ревизијата на потрошените пари за време на локалните избори во мај 2023 година покажа дека над 90 отсто од конкурентските субјекти имаат проблеми со декларирањето на износите, соопшти ЦИК.

Поради тоа ЦИК побара од комисијата за поплаки и санкции, КАС, да изрече казни во висина од неколку милиони лека.

-Конкретно, за Социјалистичката партија ЦИК предлага административна санкција за одбивање да соработува со претставници на ЦИК, парична казна до 3 милиони лека (30 илјади евра). По предлог на ЦУК ќе бидат казнети и 9 кандидати за градоначалници кои добиле како изборен подарок предмети или парични износи над дозволената вредност од 50 илјади лека, објавија медиумите.

Покомплицирана е состојбата во опозициската ДП, чиј лидер сега е Сали Бериша и кој ќе треба да ја плати казната, иако за изборите раководството беше на Љуљзим Баша. За оваа партија Централната изборна комисија предлага две казни кои заедно изнесуваат 4 милиони леки.

Партијата на слободата на Илир Мета се очекува да биде казнета со 1 милион лека за доцнењето на финансискиот извештај, додека уште 32 казни се за кандидатите за градоначалници на Партијата на слободата, од кои повеќето се на Бериша, бидејќи тој во тоа време немаше партиско лого, па настапија под логото на Партијата на слободата. Според ЦИК, овие кандидати добиле подароци надвор од границата утврдена со законот. вт/

Остани поврзан