• вторник, 08 октомври 2024

Албанија: Сали Бериша и официјално обвинет за корупција

Албанија: Сали Бериша и официјално обвинет за корупција

Тирана, 11 септември 2024 (МИА) - Поранешниот албански премиер и експретседател, демократот, Сали Бериша, денеска и официјално е обвинет за корупција во рамки на досието „Партизан“.

Бериша (80), кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор денеска излезе за првпат од неговиот дом и се појави во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, каде беше запознаен со обвинителниот акт, за кој истрагата траела четири години.

Тој се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери и локални избраници“ и продолжува да биде во домашен притвор. Под ова обвинение, може да добие казна затвор во траење од 8 години.

Во просториите на СПАК Бериша се задржа 20-ина минути, а по излегувањето даде куса изјава, отфрлајќи ги обвинувањата.

-Јас сум обвинет. Ме обвинуваат на 500 страни за измама, измама и измама. Ништо не се менува, тоа е продолжение на политички реваншизам и за мене ништо не се менува, рече Бериша по излегувањето од СПАК.

Пред Обвинителството Бериша го дочекаа голем број членови и приврзаници на Демократската партија, со ракоплескање и извици на поддршка. Пред да влезе во обвинителството тој повтори дека не направил никакво кривично дело и оти „неговиот притвор е политички“.

Попладнево во СПАК и неговиот зет за ќерка Џамарбер Малтези ќе биде запознаен со обвинението, кое го товари дека нерегуларно стекнал корист од околу 5,4 милиони евра, приход од градежен бизнис.

Тој го приватизиран спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници. вт/ссм/

Остани поврзан