• петок, 22 ноември 2024

Албанија му честиташе на Косово за статусот придружна членка во ПС на НАТО

Албанија му честиташе на Косово за статусот придружна членка во ПС на НАТО

Тирана, 27 мај 2024 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше во врска со одлуката на Парламентарното собрание на НАТО со која Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО.

Бегај во објава на социјалната мрежа „Х“ му честита на Косово.

-Честитки, Косово, за изборот за придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО, напиша Бегај.

Честитка упати и поранешниот шеф на албанската држава и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.

-Многу честитки и успех на Косово за изборот на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО. Косово е важен фактор за мир и стабилност во регионот, одличен пример за функционална демократија, напиша Мета.

Косово досега имаше статус на членка набљудувач во Парламентарното собрание на НАТО. вт/

 

Фото: ФБ Бегај/ Мета

Остани поврзан