• недела, 01 септември 2024

Ал-Ахли го промовираше Иван Тони

Ал-Ахли го промовираше Иван Тони

Џеда, 31 август 2024 (МИА) - Саудиски Ал-Ахли официјално го објави потписот на Иван Тони. Напаѓачот потпиша договор до 2028 година.

Се очекува Брентфорд да добие 40 милиони фунти за англискиот репрезентативец. Клубот му посака успех на Тони, кој беше трансфер цел и на Челси.

Претходно вчера стрелецот успешно ги помина лекарските прегледи во Лондон. Ал-Ахли го претпочиташе пред ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен.

Тони е дел од Брентфорд од 2020 година. Минатата сезона постигна 4 гола за „пчелите“ во Премиер лигата. дс

Фото: Ал-Ахли

Остани поврзан