Аларов: Добро е да победиме на денешниот дуел
- Машката македонска ракометна репрезентација вечерва ја има првата контрола на турнирот во Швајцарија
Винтертур, 8.јануари 2026 (МИА) – Машката македонска репрезентација вечерва ја има првата контрола на турнирот во Швајцарија. Противник на македонските ракометари е селекцијата на Бахреин. Репрезентацијата во Швајцарија веќе имаше два тренинзи, едниот вчера, а другиот денеска претпладне.
- Имаме одлична атмосфера во тимот. Малку имавме време за одмор,а на утринскиот тренинг имавме активација и сметам дека сме подготвени за натпревар. Ќе пробаме некои тактички варијанти. Убаво е да се победи со што и дополнително ќе ја кренеме атмосферата, изјави Михаил Аларов.
Почетокот на натпреварот со Бахреин што се игра во „АКСА Арена“ е во 20:30 часот, а како најава на турнирот „Јелоу куп“ е првиот денешен дуел меѓу Швајцарија и Украина (почеток 18 часот). Мн/
Фото: Принтскрин