• петок, 12 декември 2025

Акција на КЈП „Водовод“ Кочани за средување на просторот зад Агенцијата за вработување

Акција на КЈП „Водовод“ Кочани за средување на просторот зад Агенцијата за вработување

Кочани, 11 декември 2025 (МИА) - КЈП „Водовод“ денеска интервенираше со чистење на  просторот зад Канцеларијата на Агенцијата за вработување, кој беше запуштен и целосно обраснат со вегетација.

-Акцијата беше реализирана по сугестија на советничката Благица Сабовљевиќ Стоименова, со што се подобрени условите и уредениот изглед на овој дел од градот, велат од локалната самоуправа. ис/лв/

фото: Општина Кочани
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан