• петок, 05 декември 2025

Акција за собирање електронски отпад во Кавадарци 

Акција за собирање електронски отпад во Кавадарци 

Кавадарци, 21 август 2025 (МИА) - Акција за собирање на електронски отпад се спроведе денеска во Кавадарци, отпадот беше селектиран од страна на образовните институции и служби од Општина Кавадарци.

Електронскиот отпад, што е нефункционален и расипан, наместо да заврши на градската депонија, се наоѓа на соодветното место каде што продолжува процесот на неговата рециклажа, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Оттаму додадоа дека ова претставува само прв чекор кон правилно управување со сите видови отпад. Акцијата ќе продолжела и од почетокот на новата учебна година, кога сите ученици кои дома поседуваат нефункционален електронски отпад, ќе можат да го депонираат во веќе поставените контејнери за електронски отпад во сите образовни институции.

- Сето ова се реализира со колективниот постапувач ,,Нула отпад'', со кој Општина Кавадарци има склучено договор за меѓусебна соработка, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/сст/


Фото : Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан