Акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода”
- Под мотото „Засади со љубов, за Кисела Вода” денеска на повеќе локации ќе се организира акција за пошумување во организација на општината.
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Под мотото „Засади со љубов, за Кисела Вода” денеска на повеќе локации ќе се организира акција за пошумување во организација на општината.
Како што најавуваат од општинската прес-служба, ќе се засадат дрвца кои ќе го раззеленат и облагородат просторот и ќе бидат значаен чекор во обновување на екосистемот, намалување на загадувањето и спречувањето на поплави и ерозии.- Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и голем број јавни личности, естрадни уметници, водители, актери, спортисти денеска преку промотивен спот ги повикаа граѓаните масовно да се приклучат во оваа акција, да засадат дрвце и да придонесат во креирањето на новиот раззеленет лик на Кисела Вода, посочуваат од општината.
Акцијата за пошумување ќе се одвива на локациите: новиот парк „Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на „Есенинова“ и во парк „Македонија“.
Паралелно, посочуваат организаторите, дрвца ќе садат и деца од градинките и учениците во нивните образовни објекти. фф/хс/