• среда, 27 ноември 2024

Акциска контрола во угостителски објекти на територија на цела држава, констатирано точење алкохол на малолетници, пронајдена марихуана

Акциска контрола во угостителски објекти на територија на цела држава, констатирано точење алкохол на малолетници, пронајдена марихуана

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Утрово во периодот од 00:00 до 04:00 при спроведена акциска контрола на МВР за присуство на малолетници во угостителски објекти на територија на цела држава по 24:00 часот, за точење на алкохол на малолетници и за откривање на злоупотреба на престој на странци, биле контролирани 280 угостителски објекти и извршени прегледи на 176 лица и возила.

Како што информираат од Министерството внатрешни работи, во акциската контрола биле вклучени и тимови на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кои извршиле контрола во 14 обложувалници и казина и две приватни обезбедувања.

-Од слобода било лишено едно лице на подрачје на СВР Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана, а шест малолетници (по тројца на подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола) биле затекнати во угостителски објекти по 24.00 часот и по приведувањето биле предадени на родителите. Исто така, при контролата биле откриени две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член 204 од Кривичниот законик. Биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за возила, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и едно непочитување на работното време, посочуваат од Министерството.

Од МВР соопштуваат дека за сите констатирани прекршоци, против правните лица и одговорните лица во објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан