• четврток, 04 јули 2024

Акциска контрола во Прилеп: Пијани малолетници во угостителски објекти

Акциска контрола во Прилеп: Пијани малолетници во угостителски објекти

Прилеп, 30 октомври  2022 (МИА) - При акциската контрола ноќеска, од полноќ до три часот изутрината, во угостителските објекти во Прилеп, полицијата затекнала 24 малолетници. Седум од нив биле под дејство на алкохол.

Од СВР Битола информираат дека малолетниците се предадени на нивните родители, а по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Контролите на полицијата продолжуваат за да се превенираат или спречат девијантните појави, особенокога се во прашање малолетниците. ем/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан