Активности од проектот за зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование
- Во рамки на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“, од 6 до 9 јуни 2022 се одржаа осум фокус групи
Скопје, 9 август 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“, од 6 до 9 јуни 2022 се одржаа осум фокус групи, од кои две во Скопје и по една во Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Делчево на кои учествуваа вкупно 61 претставник од средните стручни училишта во петте региони.
Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручно образование и обука и образование за возрасни" е финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата на Министерството за образование и наука. Почна да се спроведува на 27 септември 2021 година. Го имплементира компанијата WEGlobal, Италија, и ќе трае 36 месеци, односно до 27 септември 2024 година.
Проектот е во рамки на Компонента 1 „Мапирање и преглед на кaпацитетот на средното стручно образование во петте региони Вардарски, Источен, Пелагониски, Југоисточен и Скопски регион со цел да се овозможи имплементацијата на Концептот за воспоставување регионални центри за средно стручно образование”, а како дел од теренското истражување.
На фокус групите беа анализирани и дискутирани капацитетите на училиштата и наставниот
кадар, соработката со бизнис-секторот, предизвиците со кои се соочуваат, како и
можноста односно потребата за воспоставување регионални центри за стручно
образование и обука во овие региони.
На 13 јули во Скопје се одржа информативен настан на тема „Обезбедување квалитет на средно стручно образование – Национални и меѓународни перспективи”. Оваа активност е дел од Компонента 4 „Усогласеност на националните системи за средно стручно образование и образование на возрасни со
Европската референтна рамка за осигурување на квалитетот на средно стручно образование - EQAVET”, со цел да ја презентира подготвената Физибилити студија за спроведување на EQAVET во Северна Македонија”.
На настанот присуствуваа 34 претставници од различни институции кои работат во областа на средно стручно образование и беа дискутирани националните капацитети за спроведување и мониторинг на референтната рамка за осигурување на квалитет во средното стручно образование. хс/са/