• вторник, 24 декември 2024

Активистите ги повикаа Иранките да го соблечат хиџабот во знак на протест

Активистите ги повикаа Иранките да го соблечат хиџабот во знак на протест
Техеран, 12 јули 2022 (МИА) – Иранските активисти за човекови права денеска ги повикаа жените јавно да ги соблечат своите превези на Националниот ден на хиџабот и чесноста, ризикувајќи да бидат уапсени поради пркосење на исламскиот кодекс на облекување. Според иранскиот исламски шеријатски закон наметнат по Револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за покривање на нивните фигури. Прекршителите се соочуваат со јавна опомена, парична казна или апсење. Но, и покрај законот голем број Иранки не го почитуваат кодексот на облекување. - Националниот ден на хиџабот и чесноста е само изговор за таргетирање на жената и покренување на нов бран репресија против иранскиот народ, посебно жените, се наведува во заедничката изјава на десетици истакнати активистки за правата на жените. Во знак на граѓанска непослушност, хаштагот #No2Hijab се шири на социјалните мрежи од страна на Иранците. На кампањата им се придружија и некои жени кои доброволно носат хиџаб, како и мажи. ми/

Остани поврзан