• недела, 22 декември 2024

Аксиос: Иран наводно се подготвува да го нападне Израел наскоро од територијата на Ирак

Аксиос: Иран наводно се подготвува да го нападне Израел наскоро од територијата на Ирак

Њујорк, 31 октомври 2024 (МИА) - Израелски разузнавачи наведуваат дека Иран се подготвува да го нападне Израел од територијата на Ирак во наредните денови и дека нападот е можен пред претседателските избори во САД, закажани за 5 ноември, објави Аксиос, повикувајќи се на неидентификувани израелски извори.

Нападот се очекува да биде извршен од Ирак со помош на беспилотни летала и балистички ракети, се додава во извештајот.

Како што се оценува, нападот на проиранските милиции од Ирак може да биде обид за Техеран да избегне нов израелски напад врз стратешки цели во Иран, објавија израелските медиуми. зш/

Остани поврзан