• недела, 22 декември 2024

Акредитацијата за сертификати за квалитетот на отпадните води проширена со пет нови методи

Акредитацијата за сертификати за квалитетот на отпадните води проширена со пет нови методи
Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - Централната лабораторија за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање ја прошири акредитацијата со добивање сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри, со кои се определува квалитетот на отпадните води. Како што информираат од Министерството, новодобиените акредитации опфаќаат тестирање на отпадни води за количеството на амониум јони, сулфати, хлорид, вкупен фосфор и фосфати. Со тоа, како што велат оттаму, бројот на кредитираните методи се зголеми на 12, што главно се однесуваат на отпадните води, а еден е за мерење на бучава. - Во однос на методите за квалитет на воздухот, од Централната лабораторија информираат дека веќе е набавен инструментот хориба за мерење на емисии на гасови од стационирани извори, а во тек е процедура за екипирање и обучување на кадар за ракување со инструментот, по што ќе се приситапи кон акредитирање и на методи за емисија на гасови од стационирани извори, е наведено во соопштението. свс/сп/

Остани поврзан