• вторник, 26 ноември 2024

Ако ЕМА дозволи, Баварија ќе купи 2,4 милиони дози вакцини Спутник В

Ако ЕМА дозволи, Баварија ќе купи 2,4 милиони дози вакцини Спутник В

Берлин, 7 април 2021 (МИА) - Премиерот на Баварија, Маркус Зедер, денеска изјави дека германската покраина ќе купи 2,4 милиони дози од руска вакцина Спутник В против Ковид-19 доколку добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Зедер наведе дека Баварија треба да потпише соодветни договори за испорака на вакцините, која  најверојатно би се реализира во јули.

По одобрение Брисел, компанија во баварски Илертисен треба да почне со производство на руската вакцина Спутник В.

Поради зголемувањето на бројот на заразени, Баварија го одложи олеснувањето на ограничувачките мерки за две недели. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан