• сабота, 20 јули 2024

Акар: Турција ќе употреби сила против кршењето на примирјето во Сирија

Акар: Турција ќе употреби сила против кршењето на примирјето во Сирија
Анкара, 13 февруари 2020 (МИА) - Турција ќе употреби сила против насилното кршење на примирјето во сирискиот град Идлиб, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Тој исто така рече дека Турција распореди дополнителни сили на своите позиции во Идлиб за да обезбеди примирје и контрола над регионот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека турската војска ќе ги нападне сириските владини сили од воздух или од земја насекаде во Сирија, доколку биде  повреден уште еден турски војник. паг/  

Остани поврзан