• четврток, 19 декември 2024

Акапулко во еден ден домаќин на двата најдолги натпревара во историјата на турнирот

Акапулко во еден ден домаќин на двата најдолги натпревара во историјата на турнирот
Акапулко, 22 февруари 2022 (МИА) – Мексиканскиот град Акапулко е домаќин на тениски турнир од серијата АТП 500. Во текот на денешниот ден се одиграа двата најдолги меча во историјата на турнирот. Најпрво Џон Изнер (САД), го победи Фернандо Вердаско (Шпанија) со 7:5, 6:7 и 7:6. Средбата која почна во 1:10 часот по полноќ, траеше три часа и 13 минути и стана најдолгиот меч во историјата на турнирот. Следни на централниот терен кои поставија рекорд беа Стефан Козлов (САД) и Григор Димитров (Бугарија). Победи Американецот со 7:6, 5:7, 6:3. Натпреварот кој заврши во раните утрински часови траеше 3 часа и 21 минута и го надмина неколку часа претходно поставениот рекорд. зс/

Остани поврзан