• среда, 03 јули 2024

„Академија Пандев“ со ново засилување во одбраната

„Академија Пандев“ со ново засилување во одбраната
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Фарук Бихорац е новиот играч на Академија Пандев. Како што соопштија од клубот, централниот одбранбен играч е најновото засилување на тимот. - Тој ја доби потребната документација и се стекна со право за настап на следниот натпревар против ФК Работнички, информираат од клубот. Натпреварот ќе се одигра во недела со почеток од 20 часот. „Академија Пандев“ неодамна се засили и со фудбалерот Осуман Маронг од Црвена Ѕвезда. ар/

Остани поврзан