• сабота, 21 декември 2024

Академијата за роботика и иновации учествуваше во ЕРАЗМУС+ проектот Одржливи алтернативи потребни за иднината

Академијата за роботика и иновации учествуваше во ЕРАЗМУС+ проектот Одржливи алтернативи потребни за иднината

Скопје, 11 ноември 2024

Академијата за Роботика и Иновации, составена од тим на посветени млади професионалци, успешно ја реализираше третата мобилност во рамки на ЕРАЗМУС+ проектот Одржливи Алтернативи Потребни за Иднината (Sustainable Alternatives Future Essentials). Оваа мобилност се одржа во Сетимо Торино, Италија, во партнерство со Istituto Istruzione SETTIMO TORINESE и беше насочена кон развивање на практични знаења и вештини неопходни за 21 век кај учениците.

Академијата, која е фокусирана на воведување на иновативни концепти во образованието, активно придонесе со својата експертиза во областа на STEM едукацијата, особено преку работилниците за кодирање и климатски предизвици. Во оваа работилница, која вклучи 30 ученици и ментори, младите ги развиваа своите вештини во кодирање со фокус на климатски промени – еден од најголемите предизвици на современиот свет. Преку овие активности, тие не само што стекнаа способности кои ќе ги подготват за идните професионални ангажмани, туку и добија мотивација да придонесат за одржлива иднина.

Клучен финален резултат на активностите од проектот е изработка на иновативна мобилна апликација за одржлива исхрана, наменета за Android и iOS платформи, која ќе содржи рецепти што учениците ги подготвуваат во текот на мобилностите. Оваа апликација, која ќе биде достапна за сите и е планирана да биде лансирана во 2025 година, има за цел да ги промовира одржливите модели на исхрана, поттикнувајќи ги корисниците да прифатат еколошки и здравствени одговорни навики. Академијата за Роботика и Иновации е одговорна за развојот на оваа апликација, која ќе претставува централна дигитална алатка за ширење на знаењата и ресурсите поврзани со одржливи диети.

Проектот Одржливи Алтернативи Потребни за Иднината има за цел да подигне свест за важноста на одржливиот начин на живот, притоа истакнувајќи го влијанието на нашите избори во исхраната врз животната средина и здравјето. Очекуваните резултати вклучуваат создавање на едукативни работилници, изложби и кампањи што ќе поттикнат одговорност кон планетата и поддршка за локалните производители на храна. Академијата ќе продолжи да го демонстрира својот иновативен пристап и висококвалитетна едукација, придонесувајќи за градење на идни генерации кои се подготвени за предизвиците и можностите на 21 век.

Здружение Академија за Роботика и Иновации

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Здружение Академија за Роботика и Иновации

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан