• недела, 22 декември 2024

Азески и Мицкоски со директна поддршка за компаниите

Азески и Мицкоски со директна поддршка за компаниите

Скопје, 15 јули 2024 

Владеење на правото, недвосмислена стратегија за зголемување на извозот, дизајнирање образовен модел според потребите на бизнисот, обезбедување на еднакви услови за натпревар на компаниите на пазарот, ефикасен социјален дијалог.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Комората со години наназад се обидува да биде озбилен партнер на јавниот сектор  но очигледно е, барем досега, дека јавниот сектор не го прифаќа тоа партнерство озбилно. На 25 јули, оваа година, тоа може да се промени. Како? Многу едноставно. Новиот Премиер, професорот д-р Христијан Мицкоски, треба да верува во тоа партнерство, да вложува во него и за возврат да бара отварање на нови работни места и нови инвестиции во приватниот сектор. Ние тој предизвик го прифаќаме и спремни сме да потпишеме. 

Никогаш досега не сме биле, како сега, подготвени за ваков озбилен договор. Започнавме во 2018 година со градење на концептот Комора на иднината. Во 2019 година донесовме стратегија за нејзина реализација. Во 2020 година кадровски се зајакнавме и внатрешно и надворешно. На 100 годишнината во 2022 година, јасно порачавме дека во наредните 10 години бизнисот да биде приоритет, а државата  да почне да функционира нормално.

Овие наши стратегиски определби најдоа своја рефлексија во Програмата за работа на Владата, која најави дека ќе се залага за стабилни финансии, намалување на сивата економија и поголема наплата на финансиски средства за државниот буџет, со цел задржување на ниски даноци и вртење кон инвестициите. Во инфраструктурата и енергетскиот сектор, зголемување на квалитетот на јавните услуги и инклузивен процес на регулаторни алатки, во области значајни за бизнисот.

Во оваа насока првиот приоритет е да обезбеди вклученост на Комората во процесот на планирањето на економските политики. Вториот е Програмата за инвестиции, во која на систематски начин ќе се претстават проектите, изворите на средства и динамиката на нивно спроведување. Еве, и нов предлог на Комората, да не се пуштаат контроли и неселективно спроведување на истите, што значи Коморара инсистира на неселективен пристап во работењето на инспекциските служби.

П.С: Сите Вие бизнисмени, најдобро знаете дека работите не "паѓаат" од небо. И овој предлог од јули 2024 е работен со години, вградуван и надградуван, проверуван и анализиран. Најголема заслуга за тоа имаат Претседателот Мицкоcки и неговите најблиски соработници, кои од првиот момент, одлучно, ги поддржаа барањата на бизнисот, и тоа го потврдија низ нашата досегашна соработка. Само да напоменам дека Претседателот Мицкоски беше првиот политичар што јавно во Комората ја потпиша нашата Декларација, усвоена на 100 годишнината од нашето постоење и зад неговиот потпис, тоа исто го направија уште 360 значајни институции од нашата држава. Комората за тоа ќе му изрази посебна почит.

Стопанска комора на Севрна Македонија

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Стопанска комора на Севрна Македонија

 

 

 

                                                                       

Остани поврзан