• понеделник, 23 декември 2024

АЕТМ: Онлајн трансакции вредни 339.8 милиони евра во првите шест месеци годинава

АЕТМ: Онлајн трансакции вредни 339.8 милиони евра во првите шест месеци годинава

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Во првите шест месеци од 2024 година, реализирани биле онлајн трансакции во вредност од 339.8 милиони евра. Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 193.1 милиони евра. Просечната трансакција на Македонците кон македонските е-трговци изнесува 30.8 евра, додека кон странските е-трговци - 37.2, информираат денеска од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Вредноста на реализираните повтроливи трансакции (recurring payments) за претплати на домшани сервис провајдери изнесува 53.7 илјади евра, додека кон странски - 6.1 милиони евра.  

- Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија, со исклучок на трансакциите со електронски пари, на Народната банка на Република Северна Македонија, во првата половина од 2024 година, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. Притоа, кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8 отсто во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. Притоа, од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 11,875.6 милиони денари или 193.1 милиони евра, што преставува учество од 56.8 проценти, од странци направена е вредност од 1049.7 милиои денари или 17.1 милиони евра односно учество од 5 отсто. Од друга страна, Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974.5 милиони денари или 129.7 милиони евра, односно 38.2 отсто од вредноста на вкупните трансакции, наведуваат од АЕТМ.

Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи, се известува и за повторливи онлајн транскации (recurring payments), што може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлични услуги. На домашниот пазар кон домашните е-трговци, повтроливи трансакции се направени во вредност од 53.7 илјади евра или 0.03 отсто од остварената вредност, додека Македонците во странство направиле повтроливи трансакции во вредност од 6.1 милиони евра или 4.7 проценти од остварената вредност. 

Вкупната вредност е остварена со направени 10.3 милиони онлајн трансакции, односно просечната трансакција изнесува 33 евра. Притоа, најмала е вредноста на просечната трансакција направена од домашни иматели на платежни картички кон домашни е-трговци и изнесува 30,8 евра, потоа од странски иматели кон домашни е-тровци од 33.3 евра и највисока, од домашни иматели кон странски е-трговци - 37.2 евра. Притоа, повтроливите трансакции направени кон домашните е-трговци изнесуваат просечно околу 20 евра, додека кон странските е-трговци просечната трансакција изнесува 15.8 евра.

- При анализата на податоците од Народната банка на Република Северна Македонија, мора да објасниме дека тие ја прикажуваат состојбата во е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно направените онлајн нарачки, што, исто така, се и платени онлајн. Меѓутоа, мора да се имаат предвид податоците што укажуваат дека според навиките и менталитетот, Македонците, како и другите интернет купувачи од соседните змеји од Западен Балкан, се љубители на плаќања во кеш. Податоците од 2021 година на „Глобал финдекс“ (Global findeks) датабазата покажуваат дека само 43 отсто од Македонците кои поседуваат платежни картички, истите и ги употребуваат, додека 47 проценти од направените онлајн нарачки се платени во готовина при достава (cash on delivery). Исто така, направената анкета во рамки на најновата анализа што ја изработува АЕТМ како извештај за е-трговијата на Западен Балкан, поддржана од НЛБ групацијата на 40 е-трговци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и од Србија, покажува дека балканските е-купувачи преферираат „cash on delivery“. Дури кај 72.5 отсто од балканските е-трговци, доминантен платежен метод е плаќањето во готово при прием на практата. Ова ни покажува дека вредноста на онлајн нарачките е многу повисока, ако се земе обѕир е-трговијата во поширока смислам на дефиницијата, а за тоа е потребно прибирање и на овие податоци за „cash on delivery“ плаќањата. Дополнително, секогаш ја спомнуваме и ширината на прибраните податоци од Народната банка, што ги опфаќаат сите онлајн трансакции направени со платежни картички, каде може да влезат плаќање на сметки и други услуги онлајн, се истакнува во писмената изјава на претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков.

Таа додава дека она што е новина во известувањето според усогласувањето на содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на податоците и информациите за платежна статистика, според Законот за платежни услуги и платни системи, е, што се одвоени повторливите плаќања што се однесуваат во главно на претплати/членарини за сервис провајдери како „Нетфликс“, „Јутјуб“ и слично.

- Работиме и го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, а затоа се потребни и релевантни официјални податоци за преземање на соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија, вели  Ангеловска Станков. бд/дма/

Фото: АЕТМ

Остани поврзан