• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

АЕК последен полуфиналист во ЕХФ Европскиот куп

АЕК последен полуфиналист во ЕХФ Европскиот куп


Шумен, 7 април 2025 (МИА) – Ракометарите на грчки АЕК се последните полуфиналисти во ЕХФ Европскиот куп, откако попладнево во реваншот од четвртфиналето го елиминираа белградски Партизан на неутрален терен во бугарскиот град Шумен.
Партизан играше во Бугарија како домаќин, откако натпреварот во Белград не се одигра поради навивачки нереди.
Натпреварот во Шумен се одигра без публика, а победникот беше одлучен по изведување пенали, откако Партизан во регуларниот дел од натпреварот победи со 24:19 и со тоа ја анулираше негативата од првиот натпревар во Атина каде загуби со 22:27.
АЕК беше поуспешен во изведувањето пенали со 7:6. и со тоа избори полуфинална пресметка против Извиѓач од Босна и Херцеговина.
Во второто полуфинале ќе играат актуелниот македонски вицешампион Алкалоид и норвешки Рунар. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан