• недела, 22 декември 2024

АД ЕСМ: Оштетен дел од каналот за снабдување на ХЕЦ Врбен со вода, преостанатиот дел е во функција

АД ЕСМ: Оштетен дел од каналот за снабдување на ХЕЦ Врбен со вода, преостанатиот дел е во функција
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица од интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, информира АД ЕСМ. -Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен, соопшти ЕСМ.вј/дма/

Остани поврзан