• понеделник, 23 декември 2024

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информира АД ЕСМ. -Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), соопшти попладнево ЕСМ. Двете компании, се вели во соопштението, покажале општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период. вј/бак/

Остани поврзан