• петок, 08 ноември 2024

АД ЕСМ го поздравува почетокот со комерцијална работа на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис

АД ЕСМ го поздравува почетокот со комерцијална работа на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис

Скопје, 1 октомври 2024 

АД ЕСМ го поздравува почетокот со комерцијална работа на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис, Република Грција. Сепак, сметаме дека е потребно да ја информираме јавноста околу фактичката состојба и инволвираноста на државата во предметниот проект.  

Претходната Влада како покровител на потпишаните Меморандуми за ЛНГ терминалот и за гасната електрана Александрополис, влегува без претходна стратегија и разработен бизнис план.  Во моментов, согласно достапната документација, АД ЕСМ во проектот Александрополис има закупено само капацитет од 1,8TWh годишно  односно 4,95GWh/ден, за период од 15 години.  Имено, поранешното раководство на АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба закупило само половичен преносен капацитет за гасната година 2023-2024, но  без можност за влез на гасот во Македонија, затоа што интерконективната точка Ќустендил – Жидилово, не била закупена за оваа година.  Токму затоа, домашната компанија ќе забележи загуби од околу три милиони евра. 

Прво и основно, во земјава сè уште нема гасна инфраструктура. Единствената интерконективна точка од која може да се донесе природен гас во земјава Ќустендил- Жидилово, Република Бугарија, е со ограничен расположлив капацитет од околу 5,1 GWh дневно, и притоа е изложен на огромна конкуренција. Од друга страна,  интерконекторот Грција-Македонија сè  уште не е изграден, како ни дистрибутивната мрежа во границите на Македонија. 

Според фактите и моменталниот статус на проектот и информациите со кои располага ЕСМ, би сакале да ја информираме јавноста дека НОМАГАС сè уште нема стекнато  10% учество во сопственоста на ЛНГ терминалот Александрополис, ниту пак АД ЕСМ има сопственост од 25%  во тамошната гасна централа, како што пренесуваат  дел од медиумите. 

АД Електрани на Северна Македонија 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

                                                                                                                       

Остани поврзан