• петок, 05 декември 2025

Администрацијата на Трамп ќе ја обжали судската одлука за блокирање на смената на Лиса Кук од ФЕД

Администрацијата на Трамп ќе ја обжали судската одлука за блокирање на смената на Лиса Кук од ФЕД

Вашингтон, 16 септември 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја обжали одлуката на Апелацискиот суд на САД дека членката на Одборот на Федералните резерви, Лиса Кук, може да остане на својата позиција откако беше отпуштена од Трамп.

„Претседателот законски ја отстрани Лиса Кук од нејзината позиција од основана причина. Администрацијата ќе се жали на оваа одлука и се надева на конечна победа во случајот“, изјави Куш Десаи, портпарол на Белата куќа, цитиран од британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан