• петок, 09 август 2024

Адетокумбо е првиот играч на Бакс со трипл-дабл на три последователни натпревари

Адетокумбо е првиот играч на Бакс со трипл-дабл на три последователни натпревари
Вашингтон, 16 март 2021 (МИА) – Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, постигна уште еден трипл-дабл, остварувајќи 31 поен (12 од 19 поле), 15 скока и 10 асистенции ноќеска во победата против Вашингтон (133:122). Дваесет и шестгодишниот Адетокумбо е првиот кошаркар во историјата на Бакс кој забележал трипл-дабл на три натпревари во низа. Покрај тоа, Јанис го сруши рекордот на легендарниот Карим Абдул-Џабар по бројот на трипл-дабл со 30 или повеќе поени. Гркот има седум натпревари со двоцифрен ефект во три статистички категории при што постигнувал 30+ поени. зс/

Остани поврзан