• недела, 22 декември 2024

Адеми - Лудва: Пролонгирањето на уставните измени значи губење време и пропуштање на позитивниот моментум за евроинтеграцијата

Адеми - Лудва: Пролонгирањето на уставните измени значи губење време и пропуштање на позитивниот моментум за евроинтеграцијата

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република, земјава Јарослав Лудва со кој размениле мислења за евроинтегративниот процес на земјава, и уставните измени како следен чекор за продолжување на процесот.

Како што соопштија од Комисијата, на состанокот, Адеми го поздрави засилениот ангажман на ЕУ во регионот на Западен Балкан, од аспект на напредокот и нашите подготовки за ЕУ членство, за што сведочи и денешната посета на земјава од страна на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Притоа, се посочува, Адеми ја нагласи потребата за што поскоро изгласување на уставните измени во Парламентот, за што ќе биде потребно двотретинско мнозинство, за кое во моментов се преговара со сите партии застапени во Собранието.Но, посочи, дека треба да се има предвид дека и понатаму ќе биде потребно двотретинско мнозинство за изгласување на другите обврски кои произлегуваат од нашата Преговарачка рамка.

-Парламентот, на крај, секако ќе треба да ги усвои амандманите на Уставот, со внесување на бугарската, но и на црногорската, хрватската и на другите заедници, кои живеат во земјава. Секое пролонгирање, значи  губење време и пропуштање на позитивниот моментум за почеток на преговорите во ЕУ, истакнал Адеми во тој контекст.

Амбасадорот Лудва, пак, ја повтори чешката поддршка за нашите евроинтегративни процеси, како и подготвеноста на неговата земја да ги сподели чешките искуства. вг/са/

Фото: Прес - служба на Парламент

Остани поврзан