• понеделник, 23 декември 2024

Адеми: Интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е да не се донесе законот за игри на среќа за да продолжи монополот на една фирма

Адеми: Интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е да не се донесе законот за игри на среќа за да продолжи монополот на една фирма

Скопје, 28 февруари (МИА) – Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, ја демантираше албанската опозициска коалиција „Вреди“, која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината.

Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.

– Некој упорно сака да го штити тој монопол, а зошто сака да го штити тој монопол, треба да истражите и тие треба да одговараат пред јавноста. Зошто да нема либеризација на пазарот ве прашувам? Зошто се уште треба да вложуваме напори за да го штитиме монополот на одредена фирма која е основана на криминален начин, рече Адеми.

Барањето на ДУИ, рече Адеми, било отстранување на објектите на 1000 метри од средните и основните училишта, но како што рече, за обезбедување на консензус во законодавниот дом, тие прифатиле одредба каде што е предвидено 500 метри дистанца.

Додаде дека опозицијата со амадман предложила да се намали дистанцата од 500 на 250 метри. ра/ев/

Фото: МИА

 

Остани поврзан