• петок, 22 ноември 2024

Адвокатите на Навални престана со работа поради блокада на нивниот сајт

Адвокатите на Навални престана со работа поради блокада на нивниот сајт
Москва, 19 јули 2021 (МИА) - Здружението на адвокати за човекови права, кои се поврзани со рускиот опозиционер Алексеј Навални, денеска престанаа со работатсо цел да го заштитат својот тим. Московските власти го блокираа нивниот сајт на барање на Обвинителството. Руските власти почнаа акција пред парламентарните избори во септември за ограничување на работата на опозициските групи и независните медиуми, за кои властите тврдат дека се непријателски расположени и дека имаат поддршка од странство. Здружението на адвокати Команда 29 (Тим 29) е предводено од Иван Павлов, што го бранеше Навални. Павлов е под истрага од април, кога Русија го обвини за откривање доверливи информации ма еден од клиентите. - Канцеларијата на јавниот обвинител ја поврзува Командата 29 со чешката невладина организација „Сполечност свободи информации“, која е на листата непожелни организации во Русија, се наведува во соопштението на здружението на адвокати. Командата 29 го негира обвинението дека е поврзана со чешката НВО. - Следниот чекор може да биде кривична пријава за членовите на Командата 29, така и за нејзините приврзаници“, се посочува во соопштението на Команда 29. Навални и неговите соработници покренаа бројни истраги за корупција на високо ниво. Според Кремљ станува збор за злонамерни намери како дел од странско мешање, со цел да се дестабилизира Русија. ми/

Остани поврзан