• понеделник, 23 декември 2024

Адамовска потпиша за Баскет Кам 2011

Адамовска потпиша за Баскет Кам 2011
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула, но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862. Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување. Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелната репрезентативка, 24-годишната Сања Адамовска. Во последните неколку сезони, 170 сантиметри високиот бек на македонската репрезентација, настапуваше за екипата на Бадел 1862. Клубот од Македонска Каменица најавува потпис на договорот со уште едно репрезентативно име, кој се очекува да биде познат многу брзо. зс/

Остани поврзан