• понеделник, 23 декември 2024

Агуеро пренесен во болница поради болки во градите

Агуеро пренесен во болница поради болки во градите
Барселона, 31 октомври 2021 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро е пренесен во болница, откако се пожалил на болки во градите и вртоглавица за време на синоќешниот прволигашки натпревар против Алавес (1-1) на домашен терен. - Серхио Агуеро чувствуваше болки во градите во поголемиот дел од натпреварот во првото полувреме и пренесен е во болница на кардиолошки испитувања, соопшти Барселона. Аргентинскиот напаѓач беше заменет со Филипе Кутињо во 41 минута. Претходно Агуеро неколку пати сигнализираше кон клупата на Барселона да биде заменет, а кратко потоа фудбалерот легна на тревата држејќи се со рацете во пределот на градите. По интервенција на медицинскиот тим, 33-годишниот фудбалер се подигна на нозете и без лекарска асистенција го напушти теренот. ег/паг/

Остани поврзан