• недела, 22 декември 2024

Агенцијата за млади и спорт ја призна Македонската традиционална таеквондо федерација

Агенцијата за млади и спорт ја призна Македонската традиционална таеквондо федерација

Охрид, 24 февруари 2023 (МИА) – Агенцијата за млади и спорт и додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.

Честитки по повод доделеното решение за дејност на Македонската традиционална таеквандо федерација пристигнаа од претседателот на Меѓународната таеквондо федерацијаРи Јонг Сон, како и од претседателот на Европската таеквондо федерацијаМајкл Е Пруит.

Првиот  Таеквондо клуб беше отворен на 22 февруари 1992 година во Охрид, под името Таеквондо клуб „Мастер во Охрид.

Клубот изминатите триесет години има учествувано на седум Светски и шест Европски првенства, со освоени три медали од Светски првенства - златен, сребрен и бронзен, како и шест медали на Европски првенства, од кои три сребрени и исто толку бронзени.

Меѓународната таеквондо федерација на клубот „Мастер од Охрид му ја додели организацијата на Првото државно првенство во таеквондо, што ќе се одржи од  11 март во спортската салаБилјанини извори“ во Охрид. аб/лв/

фото/МИА

Остани поврзан